На 07. февруари се одржа манифестацијата за прогласување на најдобри спортисти, клубови, тренери и спортски работници за 2019 година во општина Прилеп.
На оваа манифестација членката на ЏК „Сеишин“, Теодора Димеска се најде меѓу десетте најдобри спортисти во сениорска конкуренција, додека главниот тренер на клубот, Дејан Мицкоски беше прогласен за најдобар тренер за 2019 година.
Мицкоски пред својот стручен тим и клупските колеги соопшти дека добиената плакета ја споделува со останатите колеги од тимот тренери кои имаат заеднички заслуги за успесите во изминатата година. Признанието ќе ја краси клупската канцеларија, заедно со другите одличја и награди.