ОДРЖАН СЕЛЕКТИВЕН ТРЕНИНГ ЗА У12 СЕЛЕКЦИЈАТА ВО БИТОЛА

Денес во Битола, беше реализиран еднодневен двократен тренинг за селекција и подготовка на натпреварувачите во категоријата У12, во пресрет на претстојното Балканско првенство во џудо, кое ќе се одржи на 24 и 25 октомври 2026 година во Сараево, Босна и Херцеговина.

Тренингот беше наменет за натпреварувачите родени во 2015 и 2016 година, со цел да се направи увид во нивната моментална спортска подготвеност, техничко-тактичките способности, физичката подготвеност, дисциплината и ангажираноста, како и нивната подготвеност за настап на претстојниот меѓународен натпревар.

Тренажниот процес се одвиваше во две сесии во текот на денот.
Тренингот го водеа селекторот Филип Макаловски и помошниот тренер Марио Тошески, кои работеа на следење и процена на квалитетите на присутните натпреварувачи, со цел избор на најподготвените кандидати за претставување на Македонија на Балканското првенство.

Овој селективен тренинг претставува значаен чекор во подготовките на младите џудисти за претстојниот меѓународен предизвик, како и можност за нивно спортско усовршување, стекнување натпреварувачко искуство и афирмација на македонското џудо.

Со заедничка работа, посветеност и спортски дух, продолжуваме да го развиваме и афирмираме македонското џудо