НИКОЛА ПАВЛОВСКИ – ПРЕТСТАВНИК НА МАКЕДОНИЈА ВО ЏУДО НА МЕДИТЕРАНСКИТЕ ИГРИ ВО ТАРАНТО!
Со голема гордост го најавуваме настапот на нашиот репрезентативец Никола Павловски на Медитеранските игри Таранто 2026, каде ќе ја брани честа на македонското џудо.
Никола ќе настапи на 29 август во категоријата -100 килограми, во конкуренција на најдобрите џудисти од медитеранските земји.
Зад овој настап стојат многу тренинзи, пожртвуваност, дисциплина и голема посветеност. Секој изминат тренинг и секоја борба се дел од патот до големиот спортски момент.
Во Таранто, заедно со Никола ќе биде и неговиот тренер Горан Мицкоски, кој со своето искуство, знаење и поддршка ќе биде покрај него во текот на натпреварувањето.
Никола, горди сме на тебе!
Покажи го твојот квалитет, борбеност и карактер и уживај во секој момент на татамите.
#judomacedonia
