Денес во собраниската сала на Општина Прилеп се одржа редовното годишно собрание на ЏФСМ.

На собранието присуствуваше и градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, кој во своето излагање ја поздрави досегашната работа на ЏФСМ, истакнувајќи ја важноста на континуираниот развој на џудо спортот.

Тој најави и идна соработка со федерацијата, со цел унапредување и промоција на џудото, како и создавање подобри услови за младите спортисти.
Делегатите на собранието беа детално запознати со работата и активностите на федерацијата во изминатиот период, но и со планот и програмата за активностите кои претстојат во идниот период.
Џудото продолжува да се развива и да обединува!