Нашата сениорска репрезентација до 23 години викендов се во Пеќ -Косово репрезентативците настапуваат на Балканското првенство за млади сениори до 23 години.

Репрезентативците ги предводи селекторот Горан Мицкоскиа а како голема подршка за нашите репрезентативци се и претседателот на нашата федерација и потпретседател на Балканската Џудо Асоцијација Владимир Трпаноски кој исто така ќе учествува на состанокот на Извршниот одбор кој ќе се одржи во рамките на ова Балканско првенство.Исто така на првенството дел од судиите е и нашиот ИЏФ судија Томе Јосифоски.

Во составот на репрезентацијата се:

1. Сергеј Димитријоски
2. Никола Магдески
3. Лилјана Недановска
4. Ива Богдановска
5. Кристина Мантароска
6. Катерина Ацевска

На програмата вечерва беше официјалното мерење со почеток од 18:00 часот и официјален ждреб во 19:00 часот

Утре и задутре се борбите во поединечна и екипна микс тим конкуренција.🥋🇲🇰

Да им посакаме многу среќа и успех на нашите репрезентативци!#judomacedonia