Одличен настап на нашите репрезентативци на Балканското Првенство за Јуниори во Тирана, Бронзен медал за Македонија Ива Богдановска и 5то место за Анамарија Стојмиловска.

Нашите репрезентативци имаа забележителен настап на првиот ден од Балканското Првенство за Јуниори кое се одржа во Тирана Р. Албанија.
Ива Богдановска во борбата за бронзениот медал беше поуспешна од репрезентативката на Р.Грција и ѝ го донесе првиот медал на ова БП, Анамарија Стојмиловска беше само на чекор до медал но во борбата за трето место беше сопрена од репрезентативката на Р. Турција и со тоа се пласира на петтото место.
Солиден настап имаа и другите наши репрезентативци Лилјана Недановска,Азра Заими,Сергеј Димитријоски и Никола Магдески но не успеаа да остварат повисок пласман.
На утрешниот ден ни претстојат настапите на нашата репрезентативка БорјанаПопАтанасова како и натпреварот во микс тим.#judomacedonia 🇲🇰🥋