Уште едно убаво признание за ЏФСМ и нашата Катерина Николоска.
Имено на вчерашната гала вечера во пресрет на Европското Џудо Првенство за Јуниори кое се одржуваше во Талин Естонија, нашата џудо судивка со меѓународна лиценца А категорија Катерина Николоска од страна на Европската Џудо Унија е наградена со признание за најпрогресивен џудо судија за 2023 година.
На нашата Катерина и посакуваме уште многу вакви награди и да не радува и во иднина.
Џудо Федерацијата на Македонија секогаш ќе стои во подршка за како за Катерина така и за сите наши меѓународни претставници. #judomacedonia