Џудо Федерацијата на Македонија и градот Прилеп следните два дена ќе бидат домаќини на Балканско првенство за ветерани/ки.
За насловот Балкански првак во своите конкуренции ќе се борат џудисти од сите Балкански земји, кои на македонската и публиката во Прилеп ќе и понудат возбудливи борби.
И во сабота и во недела натпреварите ќе започнат во 10 часот. Сите натпревари ќе се оддржуваат во спортската сала при СОУ„Ристе Ристески – Ричко – Прилеп, а влезот за сите љубители на џудото е слободен.
За потсетување, ова е трет голем настан кој годинава го организира џудо федерацијата на Македонија. Претходно, Македонија беше домаќин на Европскиот џудо куп за јуниори кое се оддржа во Скопје и балканското првенство за кадети на кое беше домаќин градот Крушево.