Нашите најуспешни кадетки Георгина Блажеска -44кг, Азра Заими -52кг и Ива Богдановска -57кг предводени од селекторот Игор Паскоски ќе ја имаат честа да ја претставуваат Македонија на светското првенство во џудо за кадети кое од 23ти до 27ми август ќе се оддржува во Загреб, Република Хрватска.
Очекувано, конкуренцијата на првенството ќе биде супер силна со оглед на тоа што има пријавено 578 џудисти од дури 64 земји.