Дан Комисијата при џудо федерацијата на Македонија согласно усвоениот план и програма за работа за 2023 година, достави известување за полагање на 1 КЈУ и ДАН појаси кое на 29.1.2023 година, недела, со почеток од 11 часот, ќе се оддржи во спортската сала на ЏК Пелистер со адреса на улица Стевче Патако бб. Битола.

Во продолжение Ви го доставуваме целото известување.

 

  1. Пријавите за полагање за 1 КЈУ и ДАН појаси да се испраќаат во електронска форма (пополнета пријава за полагање за 1 КЈУ или  ДАН појаси) на адресата на ЏФСМ office@judo.org.mk Најдоцна до 23.01.2023 година (Понеделник).
  2. Уплатата за полагање за овој вид појаси кандидатите треба да ја извршат на жиро сметка на ЏФСМ – Најдоцна до 26.01.2023 година (Четврток).

Напомена: Кандидатите со себе да носат копија од извршената уплата.

Уплата на лице место не е дозвоена и нема да бидат примани финансиски средства на лице место.

– Уплата за полагање за 1 КЈУ е во висина од 1.800 денари (30 евра) согласно  член 13 од Правилникот

– Уплата за полагање за 1 ДАН е во висна од 4.200 денари (70 евра) согласно  член 14 од Правилникот

– Уплата за полагање за секој нареден  ДАН(заклучно со 5) е во висна од 6.000 денари (100 евра) согласно  член 13 од Правилникот

 

Секој кандидат уплата може да изврши на:

Назив: Џудо федерација на Р.С. Македонија  Ж-ска: 300000000567389

Назнака: Дан комисија – за полагање на појаси (1 КЈУ  или 1 дан итн).

 

До клубовите да се препратат и следните документи:

 

– Правилник за работа на Дан комисијата

– Програма за полагање на КЈУ појаси (од 5КЈУ до 1КЈУ)

– Програма за полагање на Мајсторски појаси (1 ДАН до 5 ДАН)

Обрасци за пополнување

-пријави во (word doc.) Верзија за печатење кои согласно член 8 од Правилникот секој кандидат треба да ги пополни и да се пријави.

– Kлубовите или кандидатите  се должни пријавите да ги испечатат и да  ги достават покрај во  електронска верзија согласно рокот и во хартиена верзија (со потпис од стручно и овластено лице  и печат од клубот) на денот на испитот.

– Секој кандидат заедно со останатата документација  е должен да испрати и носи фотокопија од диплома од последниот положен испит за појас.