Македонската кадетска џудо репрезентација денес пристигна во Кочели Турција каде ќе се одржи Балканското Првенство во џудо за Кадети-ки.
Нашата репрезентација е во следниот состав:
Кадети:
-55 кг. Игнат Петров
-66 кг. Никола Магдески
Кадетки:
-40 кг.Теа Настоска
-44 кг. Теона Настоска
-52 кг. Ива Богдановска
-63 кг. Лилјана Недановска
Екипата ја предводат селекторот Дејан Мицкоски и тренерот на кадетската селекција Мики Чадамов.
Согласно програмата, за денес е закажано официјалното мерење по тежински категории за 5 -те натпреварувачи кои ќе се борат во сабота 10.09.2022, додека Лилјана Недановска ќе настапи во недела на 11.09.2022.
Атмосферата е на високо ниво кај сите наши натпреварувачи и кај стручниот штаб, па се надеваме на успеси!!!!