Џудо клубот „Сеишин“ од Прилеп во периодот кога се спроведуваат посебни мерки и ограничувања на движење поради епидемијата на коронавирусот, организира соодветна акција за своите најстари членови – ветерани над 65-годишна возраст. Тоа се луѓе на кои сега им е најпотребна помош од помладите, затоа што тие би можеле да бидат најпогодени и за нив важат поригорозни мерки.
Претставници од клубот ги посетија нивните домови и им врачија пакети со заштитна опрема (маски и ракавици), средства за дезинфекција, како и витамински суплементи и напитоци.
Младите членови на ЏК „Сеишин“ исто така се на располагање на овие лица за да им набавуваат неопходни намирници или лекови, а со цел да не ги напуштаат своите домови.
Џудо клубот „Сеишин“ оваа акција ја реализира на клупско ниво по примерот на Џудо федерацијата на Србија која деновиве интензивно е насочена кон помош на своите џудо ветерани!
Мотото на акцијата е: „Децата се иднината на џудото, ветераните се бесценето искуство на џудото!“