На 12/13.07.2025 во Битола во организација на ЏфСМ и техничка поддршка на ЏК Пелистер-Битола се одржаа викенд тренинг подготовки за јуниорската репрезентација. Тренинг подготовките се реализираат за темпирање на формата и оценка на техничката и кондиционата подготовка на повиканите кандидати по што ќе следува селекција и избор на репрезентативци кои ќе ја претставуваат нашата федерација и држава на претстојниот Европски Куп за Јуниори-ки Скопје 2025 и престојното Балканско Првенство за Јуниори во Турција. Со тренинг подготовките раководеше селекторот на јуниорската репрезентација професор Александар Фузевски а му помагаше тренерот професор Филип Макаловски. Настанот го посети и спортскиот директор М-р Дејан Мицкоски кој одржа и координативен состанок со стручните лица во врска со активностите кои следуваат. ЏфСМ се заблагодарува на ЏК Пелистер Битола кој ги стави на располагање техничките и човечки ресурси за одличната техничка организација на овој настан.