Специјализираниот портал за џудо, Judotv.com ќе ги пренесува сите натпревари од европското јуниорско првенство во џудо кое на 12ти и 13ти август ќе се оддржи во спортската сала „Јане Сандански“ во Скопје.

Натпреварите ќе се пренесуваат во живо, па сите оние кои нема да бидат во можност да дојдат во спортската сала „Јане Сандански“ ќе можат да ги проследат борбите кои ќе ни ги понудат идните ѕвезди на европското џудо.

За потсетување и во сабота и во недела прелиминарните борби ќе започнат во 10 часот по средно европско време. Свеченото отворање е закажано за во сабота во 17 часот по што ќе следат финалните борби. Во недела, финалните борби ќе започнат веднаш по завршувањето на прелиминарните борби.