Македонската јуниорска репрезентација на Балканското првенство во Едрене, Турција!
Со голема гордост Ве информираме дека нашата јуниорска репрезентација ќе ја претставува Македонија на Балканското првенство за јуниори, кое се одржува од 09 до 10 август во Едрене, Република Турција.Во составот на нашата репрезентација се:
Анамарија Стојмиловска
Ѓеорѓина Блажевска
Лилјана Недановска
Сергеј Димитриоски
Игнат Петров
Никола Магдевски
Михаил Стојановски
Владимир Милчиноски
Репрезентацијата е предводена од тренерот Игор Паскоски.
Ова е важен настан за младите таленти, кои ќе имаат можност да се натпреваруваат со најдобрите од Балканот и да стекнат драгоцено меѓународно искуство.
Дополнително, дел од нашиот тим ќе биде и судијата Сашо Димовски, кој ќе ја има честа да суди на ова балканско првенство.
Им посакуваме среќа и успешни борби на нашите репрезентативци.
,#judomacedonia
