Согласно надлежностите на Спортскиот директор предвидени во член 46 и член 48 од Статутот на Џудо федерацијата на Република Северна Македонија, се објавува јавен повик до сите тела и членови на Џудо федерацијата на Република Северна Македонија, како и останати правни и физички субјекти кои не се членови на џудо федерацијата , односно заинтересеирани страни за остварување на заеднички проекти во интерес на развој на џудото во Република Северна Македонија.
Имено, во програмските активности за Спортскиот директор и Годишната програма на Џудо федерацијата предвидени се мерки и активности за унапредување на џудото во федерацијата, како и џудо спортот воопшто во Република Северна Македонија. Со цел поуспешно спроведување на општата програма за спортски активности на џудо федерацијата, како и унапредување на стручните кадри , иницирани се следните носечки проекти :
1.Проект „ХАЏИМЕ“ – наменет за зајакнување на комуникацијата на џудо заедницата во федерацијата ( во соработка со Стручен совет и џудо клубови)
2.Проект „РАНДОРИ“ – наменет за подигнување на нивото на подготвеност на џудистите преку контролни активности и следење на нивните потенцијали ( во соработка со Стручен совет и џудо клубови)
3. Проект „РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА“ во соработка со Стручен совет и Селектори – наменет за координирани и компактни активности на Џудо селекциите во рамките на федерацијата и соработка со останати џудо федерации членки на ИЏФ ( во соработка со Стручен совет и селектори)
4. Проект „ ВО ГАРД СО….“ – наменет за омасовување на џудо заедницата преку промоција на клубови и поедници членови на џудо федерацијата ( во соработка со медиа директор)
5. Проект „ ЏУДО И ЗДРАВЈЕ“ – наменет за подигнување на нивото на здравствена култура на џудо заедницата , начинот на исхрана и менталниот степен на подготвеност ( во соработка со Здравствена комисија)
6. Проект „ ЏУДО ВО ПОЛИЦИЈА И АРМИЈА“ – наменет за повискот степен на имплементирање на џудото во полицијата и армијата, како и зајакнување на комуникацијата и соработката на спортски план со истите (во соработка со Претседателство на ЏФРСМ )
7. Проект „ ЏУДО – ПРВА ЉУБОВ“ – наменет за омасовување и унапредување на џудо спортот за намладата возрасна категорија во џудо заедницата ( во соработка со Стручен совет и џудо клубови)
8. Проект „ ТИН ЏУДО“ -наменет за омасовување, унапредување и поттикнување на интерес за практикување на џудо вештина за тинејџери, односно пионерска и кадетска популација ( во соработка со Стручен совет и џудо клубови)
9. Проект „ ЏУДО ВЕТЕРАНИ“ – наменет за промоција, практикување на џудо и унапредување на спортски активности на повозрасните од џудо популацијата ( во соработка со Стручен совет и џудо клубови)
10. Проект „ ЏУДО ХУМАНОСТ,ЗАЕДНИШТВО И ЕКОЛОГИЈА“ – наменет за промоција и спортски активности на џудо заедницата преку проекти за подигање на општествената, хуманата и еколошката свест на граѓаните (во соработка со Стручен совет и џудо клубови)
Потребно е да доставите Нацрт или Предлог проект којшто би се вклопил во програмските насоки и цели на телото на федерацијата кое го објавува јавниот повик.
Рокот за доставување на Вашите предлози е 15 дена од денот на објавување на овој Јавен повик поставен на официјалната веб страница на Федерацијата и фејсбук профилот на Федерацијата, при тоа истите можете да ги доставите на емаил gmircheski@yahoo.com или office@judo.org.mk со назнака „За јавен повик од Спортски директор“.
Доставените проекти ќе бидат разгледани од соодветното тело и комисија на џудо федерацијата и во подготвителна фаза ќе бидат предложени до Извршниот одбор на Федерацијата.
Проектните активности ќе бидат координирани од спортскиот директор, м-р Ѓоре Мирчески и соодветното тело за проектот, со надзор на претседателот на ЏФРСМ , Владимир Трпаноски.