Темпирањето на формата кај врвните спортисти за големите натпреварувања е едно од клучните прашања на које тренерот треба да даде добро осмислен одговор. Во нашето македонско џудо овој проблем како да е потиснат во втор план, зошто тренерите се насочени повеќе кон масовноста во клубовите одколку кон развивање на индивидуалниот квалитет. Кога сте определени со работа со група се развива групна динамика од различен карактер, која еден или двајца тренери неможат да ја следат. Таа групна динамика не е од типот на динамиката на екипните спортови, но може да предизвика последици по развојот на победничката атмосфера во клубот и да доведе до апатија, незаинтересираност, резигнација, а најчесто до љубомора. Овие појави не носат спортски успех дури и ако се форсира физичкиот дел од индивидуалната работа со врвните такмичари со кој располага клубот. Затоа се препорачува редовни мерења на физичките и психичките перформанси на елитните натпреварувачи за да може формата правовремено да се темпира. Во прилог ќе објавам резултати од мерењата на Британскиот џудо тим.

Петнаесет врвни џудисти, од кој 8 мажи и 7 жени, служеле како субјекти во едно истражување кое ги испитуваше последиците од зголеменото оптоварување во припремниот период врз психолошките карактеристики на натпреварувачите. Со оглед дека се смета дека еден припремен циклус кај врвни џудисти трае 10 недели, испитувањата биле правени во тој период.

Работени се три фази на обука:

Основно ниво
Зголемен обим на обука за адаптација
Зголемен обим на тренинг за специфичноста на спортот.


Психолошките инструменти за осетливи промени се администрирани во 2, 4, 8 и 10-та недела. Мерени се расположението, натпреварувачката анксиозноста, перцепцијата на замор од обука, специфични способности на спортските вештините, знаци за клинички нарушувања. Уште биле мерени и физички перформанси како што се брзина, сила, аеробна и анаеробна издржливост.

Резултатите посочиле дека спортистите биле поинтригантни во 10-тата недела, одколку во почетната.Покажале значително зголемување на замор во 8-та недела, а нивниот перцептивен напор го оцениле субјективно највисоко во 8-та недела, односно во почетокот на третата фаза од обуката. Иако ова е вообичаена програма во тренажниот процес, треба да се има во предвид дека совладувањето на татктичко-техничките елементи на припремите најмноги психички ги исцрпуваат џудистите во еден ваков тренажен циклус на припреми. Затоа распоредот на тренинзите немора да биде крут. Од мое искуство во работата со спортисти, за нашиот менталитет е потребен благ релаксационен период во рамките на третата фаза на припреми.

На крајот од истражувањето значајни позитивни промени се забележуваат во општата вознемиреност и тоа во физиолошкиот и моторниот канал, како и зголемена мисловна самодоверба, која ја редуцира анксиозноста во мисловниот канал. Самодовербата се поврзува со задоволството од личната перцепција на вложениот напор и задоволството од сработеното.Тоа ја појачува спремноста за конкуренција и инспирира желбата за такмичење зошто самите такмичари стануваат свесни дека нивната форма е блиску до посакуваната врвнавна форма.

За сметка на тоа мерењата на перформансите укажуваат на намалување на анаеробната издржливост и јачинта на мускулатурата кон крајот на 10 недела.

Доколку применувате ваков принцип на работа водете сметка, дека после овој 10-то неделен циклус, следува релаксирачки тренинзи, па контролни натпревари, пред да се влезе во врвна форма. Никогаш не го форсирајте физичкото за сметка на психичкото, туку побарајте баланс во нивото на лична аспирација на секој такмичар.

Напоменувам дека овие истражувања се наменети за долгогодишни врвни такмичари,чии телесни перформанси се научени на напор, а сознајната спортска ефикаснот достигнала такмичарска зрелост. Кај младите категории ваков циклус би можел да биде контрапродуктивен.За нив важи ученичкиот принцип на работа.

Авторот Јован Велески е член на Лекарската комисија на ЏФM
(овој текст е во рамките на програмата за одбележување на Деновите на психологијата кои годинава ќе се оддржуваат под пораката Еден за сите, сите за еден!)