Државното првенство за помлади пионери и кадети се одржа на 27 мај во спортската сала на ОУ “Добре Јованоски” во Прилеп, а во организација на Џудо федерацијата на Македонија и техничка организација на ЏК ,,Сеишин” од Прилеп.
На натпреварот учество пријавија следниве клубови:
- ЏК “Кожувчанка”– Кавадарци со 4 натпреварувачи,
- ЏК “Бушидо” – Прилеп со 6 натпреварувачи,
- ЏК “Чурин” – Битола со 3 натпреварувачи,
- ЏК “Сеишин” – Прилеп со 14 натпреварувачи
- ЏК “Пролетер” – Прилеп со 16 натпреварувачи
- ЏК “Ипон” – Скопје со 2 натпреварувачи
- ЏК “Пелистер” – Битола со 7 натпреварувачи
- ЏК “Дрим” – Струга со 6 натпреварувачи
- ЏК “Преспа” – Ресен со 8 натпреварувачи
- ЏК “Сенсеи” – Радовиш со 5 натпреварувачи
- ЏК “Гладијатор” – Кочани со 4 натпреварувачи
- ЏК “Џудо Парк Академи” – Скопје со 1 натпреварувач
- ЏК “Мастер” – Прилеп со 6 натпреварувачи
- ЏК “Работнички” – Скопје со 2 натпреварувачи
На првенството учествуваа 84 натпреварувачи, од кои 27 во женска и 57 во машка конкуренција. Судии на напреварот беа : Томе Јосифоски, – претседател на судиска комисија, Златко Јолески, Менде Илиоски, Владимир Талески, Никола Велески, Даниел Велески, Бобан Митрески и Семир Авдиќ. Натпреварувачката комисија ја сочинуваа Никола Божиноски – претседател, Дејан Џокоски, Кире Милошески и Александар Миноски – приправник.
Организаторите ги исполнија очекувањата кои се бараа од Џудо федерацијата на Македонија. Имаше обезбедено одлична сала со две борилишта, место за публиката (трибина) и посебни соблекувални, како и редарска служба и доктор. Натпреварите се одвиваа во добар натпреварувачки и спортски дух.
На натпреварот обраќање имаше претседателот на ЏФМ, Зегљуљ Реџепи, а Државното првенство свечено го отвори градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски.
На државното првенство судиската комисија работеше по новите правила на
E.J.U и I.J.F и се работеше со новиот (care) систем.
Постигнати се следните резултати по категории:
ПОМЛАДИ ПИОНЕРИ:
ПОМЛАДИ ПИОНЕРКИ:
КАДЕТИ:
КАДЕТКИ: