Македонската пионерска репрезентација на Балканското првенство во Будва, Црна Гора!

Ве информираме дека нашата пионерска репрезентација ќе ја претставува Македонија на Балканското првенство за пионери, кое се одржува од 11 до 12 октомври во Будва, Република Црна Гора. Во составот на нашата репрезентација се:

Марко Димитријоски
Филип Митревски
Ангел Стојовски
Марија Китевска
Марија Ангелова
Дила Пупаловиќ
Јована Цветкоска

Репрезентацијата е предводена од селекторот Игор Димитријоски.

Ова е важен настан за младите таленти, кои ќе имаат можност да се натпреваруваат со најдобрите од Балканот и да стекнат драгоцено меѓународно искуство.Исто така дел од нашиот тим ќе биде и судијата Сашо Димовски, кој ќе ја има честа да суди на ова балканско првенство.
Им посакуваме среќа и
успешни борби на нашите репрезентативци.
,#judomacedonia