Џудо федерацијата на Македонија распишува конкурс за учество на ИЏФ академија за тренери.
Критериуми за аплицирање се:

1. Тренерот да поседувал лиценца за тренер издадена од ЏФСМ од минимум 5 години
2. Да е носител на минимум црн појас 1-ДАН
3. Да има завршено високо образование VII/1 степен (240 кредити според ЕКТС) од областа на на спортот
4. Да има високо познавање на англиски јазик

Рокот за пријавување е до 12.02.2021 год до 12.00 часот на
office@judo.org.mk

Надоместокот за учество на ИЏФ академијата изнесува 1.350 USD за трите модули заедно.
Надоместокот може да се плати по модули, но студентите мора да ја завршат уплатата на модулот пред почетокот и да влезат во следниот модул, доколку ги исполнуваат условите.

Курсот кој е во организација на ИЏФ академијата е акредитиран академски според Европската рамка за квалификации (EQF) Ниво 5 и вклучува два семестри и 60 кредити. Повеќе информации за EQF се тука https://europa.eu/europass/en/european-qualifications-framework-eqf

Временска рамка за семестар почнувајќи од 01 март 2021 година
Датум на започнување: понеделник, 01 март 2021 година
Датум на завршување: недела на полноќ, 29 ноември 2021 година (координирано универзално време)