На состанокот на Извршниот одбор на Џудо федерацијата на Македонија што се одржа на 13.10.2018 година, во согласност со дневниот ред, се разгледуваше точката за прослава на Денот на џудото и роденденот на основачот на џудото, што оваа година се одржува под мотото „Пријателство“.

Притоа, донесена е одлука на  28.10.2018 г. во Скопје да биде свечено одбележан Денот на џудото, колку што е можно помасовно.

Се задолжува Џудо федерацијата на Македонија да испрати покани за присуство до сите федерации во Република Македонија кои се занимаваат со боречки вештини, а исто така да побара присуство на делегација од Агенцијата за млади и спорт, од Македонскиот олимписки комитет и од други релевантни институции.

Исто така, треба да бидат поканети сите членови на Извршниот одбор, како и комисиите и членовите кои се вклучени во телата на Џудо федерацијата.

Клубовите треба да присуствуваат со што поголем број џудисти, при што да достават број на присутни учесници најдоцна до 23.10.2018 г.

Исто така, потребно е клубовите да достават предлози на заслужни џудисти, ветерани, како и за физички и правни лица кои, според мислење на клубовите, имаат дадено придонес во џудото.