Бронза за Марко Димитријоски на Балканското првенство!

Голема гордост за нашата репрезентација!
Марко Димитријоски освои бронзен медал во категорија до -46 кг на Балканското првенство за пионери кое се одржа во Будва, Црна Гора!

Во конкуренција од најдобрите борци од регионот, Марко покажа исклучителна подготвеност и борбен дух, забележувајќи 5 победи од вкупно 6 борби!

Честитки за одличниот успех и посветеноста — иднината е пред тебе, шампионе!
#judomacedonia