Откако во 2023 година ја положи IJF A-лиценцата во Калгари, Канада и се стекна со интернационална лиценца, а потоа беше прогласена за најпрогресивна судијка во Европа , нашата судијка Катерина Николоска сега е избрана од Светската Џудо Федерација да суди на најголемите турнири од Светската Џудо Тура!
Оваа престижна тура вклучува Grand Slam, Grand Prix, и сите Светски Првенства (кадети, јуниори, сениори), каде што џудистите од целиот свет го започнуваат својот пат кон Олимписките игри во Лос Анџелес!
За судија во оваа тура значи учество во нивното патување, доделување поени за ОИ и можност еден ден да суди на Олимписките игри, претставувајќи ја Македонија уште еднаш на најголемата спортска сцена! ✨
Катерина Николоска е првиот македонски судија кој е избран да биде дел од оваа елитна ротација на 50 судии од целиот свет!
Македонската џудо федерација се гордее со тебе, Катерина! #judomacedonia