Во рамки на проектот Баланс на татами: Родова еднаквост во џудо управување кофинансиран од Европската Унија, се објавува јавен повик за ангажирање надворешен експерт/ка кој/а ќе спроведе истражување и мапирање на постојната состојба за учеството на жените во управувачките тела и комисиите во џудото.
Експертот ќе биде задолжен/на да спроведе квантитативно и квалитативно истражување, да анализира најмалку 5 тела/комисии, да опфати најмалку 50 учесници преку анкети и/или интервјуа и да подготви краток документ со преглед на состојбата и препораки.
Кандидатот треба да има релевантно искуство во истражување, спорт, родова еднаквост, јавни политики или слична област.
Ангажманот ќе трае еден месец.
Заинтересираните кандидати треба да достават професионална биографија/CV на следниот е-маил:
office@judo.org.mk
Наслов на пораката:
Апликација за експерт/ка – Истражување и мапирање во џудо
Рокот за аплицирање е 3 дена од денот на објавување на повикот.
