Ива Богдановска – Балканска шампионка

На Балканското првенство за сениори, кое се одржа во Тирана, Република Албанија, Ива Богдановска го освои златниот медал и се закити со титулата Балканска шампионка.

Со извонреден настап, сигурност и борбеност, Ива уште еднаш го потврди својот врвен квалитет, професионален пристап и посветеност, достојно претставувајќи ја Република Македонија на балканската спортска сцена.
Од другите наши такмичари борба за медал имаа Анамарија
Стојмиловска и Азра Заими, кои не успеаа да освојат и го освоија петтото место во своите категории.

Искрени честитки до Ива Богдановска за освоената титула Балканска шампионка целиот стручен штаб за вложениот труд, посветеноста и постигнатите резултати.

Овој успех претставува гордост за македонскиот спорт и мотив за уште поголеми достигнувања на претстојните меѓународни натпреварувања.

Честитки и нека ова биде само почеток на нови спортски победи!
#judomacedonia