Балканско Првенство за Сениори/ки
Викендов на 1 и 2 август во Тирана Р.Албанија, ќе се одржи Балканското првенство за сениори/ки каде Македонија ќе биде претставена од следните натпреварувачи:
Женски
-52 кг Анамарија Стојмиловска
-57 кг Азра Заими
-63 кг Ива Богдановска
Машки
-60 кг Сергеј Димитриоски
-81 кг Никола Петров
-90 кг Владимир Милчиноски
-100 кг Никола Павловски
Нашите репрезентативци ги предводи селекторот на сениорската репрезентација Горан Мицковски а исто така на балканското првенство ќе суди и нашиот судија Сашо Димоски.
Им посакуваме многу успех и одлични резултати на сите наши репрезентативци. Нека достоинствено ги бранат боите на Македонија и нека се вратат со нови спортски успеси и успешно судење на нашиот судија.#judomacedonia
