Денес свечено беше отворено Балканското првенство во џудо за деца до 14 години во Битола.

На свеченото отворање се обратија претседателот на БЏА, Бране Црногорац, претседателот на ЏФСМ, Владимир Трпаноски, претставникот на Министерството за спорт, Илија Ристески, како и градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски.

Првиот натпреварувачки ден донесе многу возбудувања, квалитетни и атрактивни борби, во кои младите џудисти го покажаа својот талент, борбеност и спортски дух.

Нашите репрезентативци имаа успешни настапи и прикажаа одлични борби, но овојпат не успеаја да се закитат со медал.
Им посакуваме многу успех и подобри резултати во утрешните борби.#judomacedonia