На Потпретседателот на ЏФСМ Горан Антевски му беше врачена благодарница од министерот за надворешни работи на Јапонија Иваја Такеши.

„Вложивте големи напори во унапредувањето на односите помеѓу Јапонија и Македонија. Вашите извонредни достигнувања дадоа значителен придонес за пријателството и добрата волја помеѓу нашата земја и светот. Со ова признание Ви изразуваме благодарност и најдлабоко почитување“, се вели во објаснувањето на минситерот Такеши, потпишано на 5 септември.

Во 2025 година министерот Такеши додели 173 благодарници на поединци и 58 на организации, вкупно 231.

Антевски е единстевниот Македонец што добил благодарница од првиот човек на јапонското МНР.

На овој свечен чин присуствуваше и Владимир Трпаноски претседател на Џудо федерацијата на Македонија.