Европски куп во џудо за јуниори – СКОПЈЕ 2025

Скопје викендов ќе пулсира во ритамот на џудото! Од 2 до 3 август, во Спортската сала „Јане Сандански“, ќе се одржи Европскиот куп за јуниори во џудо – престижен меѓународен турнир во организација на Џудо федерацијата на Македонија кој се бодува за светската ранг листа.

Над 300 млади џудисти од 25+ земји ќе се борат за бодови и слава на патот кон Европските и Светските првенства!

Нашите македонски репрезентативци ќе ги одмерат силите со европската елита
Бидете дел од големиот спортски настан и почувствувајте ја магијата на џудото!#judomacedonia