💥Борјана Поп Атанасова е трето место 🥉на Европскиот Куп за Јуниори Скопје 2024💥

На првиот натпреварувачки ден од Европскиот Куп за Јуниори Скопје 2024, нашата репрезентативка Борјана Поп Атанасова имаше најзабележителен настап освојувајќи го бронзениот медал.
Борјана во борбата за бронза беше поуспешна од репрезентативката на Словенија, Тара Јањиќ совладувајќи ја со Ипон со што се искачи на пиедесталот и го донесе за Македонија првиот медал на овој натпревар.

Утре во вториот натпреварувачки ден ќе настапат уште осум наши репрезентативци од кој исто така очекуваме одлични борби и медали.