Сребрен медал освои репрезентативецот Хамза Јашари во категоријата до 66 кг. на Европскиот Куп за кадети што на 10 февруари 2018 г. се одржа во Фолоника, Италија во конкуренција на 56 натпреварувачи.
„Апсолутно сум задоволен од настапот на нашиот најуспешен кадет Хамза Јашари“, вели неговиот тренер Игор Паскоски по освојувањето на сребрениот медал на Европскиот куп за кадети во Фолоника во Италија.
Со овој резултат Хамза Јашари се наметнува како сериозен кандидат за младинските Олимписки игри во август во Буенос Аирес, Арегентина.