По повод Светскиот ден на џудото во организација на џудо клубот „Сеишин“ од Прилеп, на 28 октомври се одржа настан со кој пригодно беше одбележан овој голем џудо празник.
![](https://judo.org.mk/wp-content/uploads/2020/10/PEC_9175.jpg)
Под мотото „Заедно посилни” ги покани другите два градски клуба, ЏК „Санкаку“ и ЏК „Прилеп“ на заеднички празничен тренинг и прослава. Покрај нив, на покана на „Сеишин“ присуствуваа и џудо ветераните од Прилеп на чело со претседателот на Иницијативниот одбор на џудо ветерани и селектор на Ветеранската селекција на Македонија, Киро Здравески.
![](https://judo.org.mk/wp-content/uploads/2020/10/PEC_9166.jpg)
Присутните ги поздравија претставниците од сите клубови, а учесници добија официјална диплома за учество издадена од Интернационалната џудо федерација.
![](https://judo.org.mk/wp-content/uploads/2020/10/PEC_9139.jpg)
Настанот беше организиран на отворено, во паркот „Могила на непобедените“ во Прилеп, согласно актуелните протоколи за заштита од Ковид-19.
![](https://judo.org.mk/wp-content/uploads/2020/10/PEC_9200-rotated.jpg)