Џудо федерацијата на Македонија ги известува клубовите членки дека Aгенцијата за млади и спорт, согласно своите права и надлежности во однос на спроведување на донесената УРЕДБА за финансиска поддршка за спортисти, стручни лица и спортска администрација за време на траењето на вонредна состојба, бара навремено да биде искористено правото за финансиска подршка.
Во прилог ви ја испраќаме Уредбата и сите потребни информации и обрасци.
Ве молиме, ЗАДОЛЖИТЕЛНО при поднесување на вашата документација во архивата на Федерацијата, да поднесете и пропратно писмо во кое ќе ги наведете документите кои се приложуваат.
Почитувани, согласно одредбите ве молиме да го почитувате рокот за понесување на документите и истите да ги доставите најдоцна до 15.04.2020 година до 15.00 часот.
Доколку имате било каква потреба ве молиме да не се двоумите и да се обратите до нас.
Уредба за финансиска поддршка објавена во Службен весник
Упатство за користење на Уредбата за финансиска поддршка
Барање и изјава за финансиска помош 2020