По направените консултации со раководството на Џудо федерацијата, а во согласност со препораките од Владата и од Министерството за здравство за превентивните мерки против ширењето на корона вирусот (Ковид 19), упатено е писмено известување до сите џудо клубови во државата.
Во дописот стои дека Државното првенство за јуниори/ки и Државното првенство за помлади пионери/ки, кои беа закажани за 15 март во Кавадарци, ќе се одложат.
За новиот термин на одржување на првенствата, клубовите навремено ќе бидат известени.