На анкетниот прашалник кој беше доставен до џудо клубовите одговори испратија 56% од можната популација од 43 лиценцирани тренери и спортски учители. Им се заблагодаруваме на оние кои се одлучија за соработка во интерес на џудо спортот на Р. С. Македонија.Истотака им се заблагодаруваме и на оние кои не го потполнија и испратија прашалникот од оправдани и неоправдани причини, зошто така несвесно учествуваат во формирањето на Контролната група чии резултати ќе бидат следени во текот на такмичарската сезона и на секоја нивна забелешка ќе им спремиме одговор , се со цел да го направат просперитено функционирањето во нивниот џудо ангажман.Се разбира доколку се заинтересирани ,зошто анкетата има за цел да даде насока и содржи скриена едукативна димензија .
Во врска со прашањето колку пати неделно треба да тренира напреден такмичар, 90% проценти од испитаниците сметаат дека тоа треба да биде 6 дена , а во нашите џудо клубови се тренира 3-4 дена неделно.Само еден клуб одговори дека имаат 5 тренинзи неделно.
Истотака се смета дека напредните такмичари треба да имаат по два тренинзи на ден , сепарирано на психофизичките способности и посебен тренинг за џудо техниката. 60% од испитаниците сметаат дека во нашето џудо има 3 до 5 такмичари кои можат да го издражат тоа темпо, 20% сметаат дека има 10-15 такмичари ,10% сметаат дека има повеќе од 20, а само 10% смета дека нема таков такмичар во Македонското џудо кој би го издржал тој ритам.
Во врска со физичката подготовка, 50% од испитаните сметаат дека пред тренинг треба да се трча најмалку 3 километри редовно, 30% сметаат дека тоа не треба да се прави пред секој тренинг, а 15% сметаат дека дека треба да се трча до 5 км.Само во еден случај 5% смета дека треба да се трча 10-15 километри.Екстремните одговори ги одбиваме ,статистички .
Во врска со тренинзите за физичка подготовка кои се спроведуваат во теретана сите тренери сметаа дека напредните џудисти треба 3 до 5 пати неделно да посетуваат теретана , додека сегашната состојба се сведува на инциденти и самоиницијативни тренинзи на такмичарите. Само 10 % од такмичарите се под контрола на тренерот во нивниот тренажен процес во теретана.
Во врска со исхрана сите испитаници сметаа дека таа е најбитен дел од спортскиот режим на секој такмичар , но дека клубска контрола врз истата не постои во 90% од случаевите. 10% сметаа дека тоа најчесто се регулира со земање на суплементи. Сите заедно сметаат дека особено е важно контрола на исхраната да се води во активниот такмичарски период и опоравката , но и дека голем дел од тренерите користат рестрикција како мерка за да се внесе такмичарот во полесна категорија, што преставува посебна опасност во спора опоравка после такмичењето. Храна за напредните такмичари треба да биде под посебен режим, но во клубовите тоа е останато на семејствата или се прави инцидентно, без медицински параметри.
Сите испитаници сметаат дек напредните такмичари треба да имаат посебни припреми, но дека клубовите тоа го применуваат делумно и во склоп на можностите. Особено акцент се става на федерацијата и правилната селекција на кандидатите .Треба да се земе во предвид нивната физичка издржливост, искуство , знаење и моментална форма.За формата и содржината на тие припреми мнозинството нема целосен, јасен и конкретен одговор.
Се смета дека еден напреден такмичар треба да има од 40 до 120 борби годишно ,што е голем распон во однос на проценката или недоразбирање во однос на прашањето. Одговорот на ова прашање го земаме како нерелевантно и не го сметаме за валидно во анкетата.
Како причина за повредите најчесто се наведува заморот, претеренираноста, монотонијата на тренингот , нередовен тренинг, недоволно загревање.Тие повреди се најчесто од лесен и умерен карактер , многу ретко од тежок.Според мислењето на мнозинството низ процесот на повреди врват сите активни такмичари.Само во еден случај на искусен тренер е спомнат стравот како ментална повреда ,како можен елемент за неуспех на борилиште.
Апсентинзмот или одсуство од тренинг кај напредните такмичари не е забележан, кај останатите се појавува по клубовите согласно возраста на такмичарите. Како причини за апсентизам најчесто се наведува нивните училишни обврски, болести и повреди, лични емотивни состојби,незадоволство поради недобивање на повисок ученички ранг ,избегнување на монотонија и сл. Точно монотонијата и непроменетата методологија може да доведе до чести одсуства, губиток на интерес за понатамошно ангажирање во џудо системот . Скоро сите џудо клубови имаат непроменета систематично на тренинг која одговара на просечната популација. За оние кои сакаат да се рекреираат тоа е оптеретување, за оние кои сакаат да напредуваат тоа значи стагнација.Лесното добивање на медали и пласмани исто може да биде непродуктивно и да доведе до лажна перспектива ,односто структура на егото на такмичарот.
Еден од факторите за успеспех на такмичењата освен тренингот е и времето помината во одмор и опоравка, а во некои случаеви и потребата од рехабилитација. Тука немаме баш најјасни одговори на испитаниците за да се направи дистинкција помеѓу значењето на трите категории, одмор помеѓу два тренинга, помеѓу две такмичења, помеѓу две сезони или полусезони,што точно тоа треба да значи. Неоспорен дел е дека во рамките на неделниот или месечниот тренажен процес треба да има тренинзи со висок и многу висок интензитет, кој би ја пробили границата на физичката издржливост на такмичарите, на тој начин се прави ситуационен стерс тренинг со физичко и психичко поместување на границите над можностите на такмичарот.Тоа се прави еднаш неделно или два,три пати месечно.Се разбира дека после такви тернинзи треба да има сосема поинаков одмор кој треба освен пасивна компонента треба да ја содржи и активна компонента на сите три ниво на организмот, физиолошкиот, телесниот и менталниот канал.Овој податок одсуствува во концептите на нашите испитаници.
Согласност на нашите испитаници има во делот кој вели дека нашето Македонско џудо се наоѓа на аматерско ниво, со тенденција кон полупрофесионализам.Не се наведени структурите кои се полупрофесиналци , но се смета дека има и потенцијал за солидни професионални тренери и судии , во аматерски услови. Аматеризмот е оставен за такмичарите , без разлика дали се тоа напредни такмичари или не. Се смета дека секој клуб има најмалку 3-4 такмичари кои можат да одговорат на силни предизвици и да влезат во категоријата напредни борци, но за тоа треба посебна матерјална и општествена поддршка .Македонија согласно ресурсите адекватно одговара на предизвиците кои го бара современиот џудо систем. За повисоки резултати треба некоја друга концепција и ментално сфаќање на состојбата . Сепак џудото или воопшто спортот во Македонија е приватен проект кој носи резултати онолку колку во него се вложува такмичарот себе си и неговото семејство. Заедницата делумно го прати тој развој.Со напомена дека за се има решение кога се сака, спортски поздрав од авторот Јован Велески.