Улогата на судиите во џудо спортот им е да овозможи конкуренција меѓу спортистите со спроведување на натпревари на фер и безбеден начин. Да се биде судија е предизвик и задоволство на секој џудока, зошто таа улога носи признание, награда, усовршување и волонтерска активност. Покрај тоа што е пријатна и социјална активност, да се биде судијата има благородна улога зошто им помага на спортистите да ги оспособат животните вештини како што се смисол за правичност, фер, доверба и решителност. Исто така, применувајќи ги овие атрибути им помагаат и на судиите во многу други аспекти од нивните животи. Тука јасно може да се види разликата помеѓу судиите во борилачките и боречките спортови и оние како што е фудбалот, кошарката, одбојката и ракометот, каде одсуствува кодексот на самодициплина и скромност во спортската едукација.

Без разлика дали сакате да ги поддржувате клупските натпревари на локално ниво, да бидете судија во поширока областа или регион, секогаш постојат судиски улоги што ќе ви одговараат. Ако навистина го имате она што е потребно како квалитет, ако попрофесионално се посветите на повикот, исто така имате можности да судите на меѓународно ниво, вклучително и на некои големи натпревари.

Судиската структура во џудото е составена од неколку нивоа, почнувајќи на клупско ниво, напредувајќи се до меѓународно ниво. Бидејќи судијата ги гради своите вештини и искуство, тие имаат можност да напредуваат низ сите овие нивоа и да присуствуваат на поголеми, построги и попрестижни настани. Во некои земји како Британија, Канада и Италија, доволно е да имате зелен појас и 12 години за да почните со обука за џудо судија. Во Македонија и регионот границата е поставена на мајсторски кандидат или браон појас за да може да се занимавате со судиска пракса. Судијата треба да ги познава правилата на џудо спортот, да ги препознава основните техники, да ги проценува нападите и да ги разликува лажните напади, да ја чувствува борбата и инерцијата, да прави разлика во тежинските и возрасните категории и да ја разликува смислената акција од способноста за поднесување на казнени поени. Се разбира дека некои ситуации се сложени за донесување на одлука, но со тек на искуството постои усовршување на финесите. Треба да има и некои основни сознанија за моменталната здравствена и кондициона состојба на натпреварувачите.


Обврските за судиите вклучуваат:
1.Како судија на татами
– Обезбедување да натпреварите се спроведуваат правилно и безбедно, следејќи ги спортските одобрени правила за натпревари, и на крај дека правилниот победник го напушта душекот
– Управувањето со протокот на натпреварот, започнувањето и запирањето на борбата и давањето оценки за успешни акции и казни по потреба.
– Обезбедувањето на таблата со резултати.
– Објаснување на причината за донесените судиски одлуки.
2.Судиите што седат
– Се одговорни за помагање на судијата и корекција на какви било грешки на судијата на татами.
– Користат технологија за репродукција на видео за да помогнете да донесувате одлуки во тешки сценарија, таму каде што се достапни.
– Обезбедувањето на таблата со резултати да е исправно обележана.
3.Како главен надлежен судија на натпреварот
– Општа одговорност за сите судиски прашања во тек и за време на некој настан
– Го усогласува списокот на судии повикани на натпреварот.
– Одлучување на судиските екипи и распределби
– Давање толкување за судиите и тренерите –
– Управување со жалби или жалби на одлуки за судии
– Комуникација со други официјални претставници на и активисти на натпреварот

Кој одговара на улогата на спортски судија за џудо?

Судијата е соодветна опција за широк спектар на луѓе кои го практицирале џудото. Тоа е интересен наградувачки начин за поддршка на можностите за конкуренција низ целата земја во џудо спортот. За многумина, начин да останат вклучени, блиски, во спортот што го сакаат и одкако ќе престанат активно да вежбаат. Но, тоа бара континуирана надградба и обуки, преку посетување на семинари, следење на новитети во џудо спортот и повремено одржување на сопствените физички перформанси. Основите на џудо судењето се лесни за разбирање и присуството на стручните курсеви ќе ги опфатат сите основни работи што треба да ги знаете. Исто така по брза опција за напредок како судија се однесува на искусни спортисти, натпреварувачи и тренери. За понатамошен напредок, судијата мора добро да се прилагоди на техничките барања на современото џудо. За оние кои можат тоа да го направат, следниве работи се добра препорака:
– Работете добро како тим
– Останете фокусирани на долг период на време
– Донесувајте брзи и точни одлуки
– Останете мирни, самоуверени и компонирани
– Бидете ажурирани за правилата и развојот
– Бидете правичен и јасно објаснете ги причините за одлуките
– Секогаш по два пати преиспитувајтеги посложените одлуки
И ќе имате задоволство што борбата ви е доделена токму вам да ја одсудите.

Авторот Јован Велески е член на Лекарската комисија на ЏФМ