Ова што следува е само мал дел од текст кој е наменет за едукативна цел
но во вистинско време си најде и вистинска намена.
Некогаш и некаде го прочитав следново:
,,Jас сум прилично уморна од техниката над силата”.
Малото лице може да ја победи големата личност не затоа што
малата личност сфатила како да го стори тоа без напор туку затоа
што сфатила како да го постави своето тело, своите мускули и да користи повеќе сила.
Голема мудрост кажана во неколку реченици. Мудрост која треба
да ја применуваме не само во спортот туку и во нашите животи.
Џудо – збор кој може звучи грубо, но во превод значи ”нежен пат”. Во душата на овој фантастичен спорт е нежноста, нема место за насилство и агресивност. Ова е спорт кој инвестира во самоконтролата и самопочитувањето. Се негува одбранбениот инстинкт. Се негува доброто од личноста. Се тренира умот.
До победа со нежност – ЏУДО ..
Како во животот така и во спортот победата е посакуваната цел. Но овој спорт нѐ учи да го почуствуваме и падот како нешто величествено и да бидеме достоинствени во моментот кога го доживуваме.
Џудото нѐ учи да го прифатиме падот и нѐ учи како да паѓаме без да бидеме повредени.
Многу убави зборови и долги текстови можат да се кажат и напишат за џудото кој како спорт најдобро влијае врз целокупниот развој на децата и младите. Но цел живот се учи. Неговото влијание не запира во салите за тренинг туку континуирано продолжува и надвор од нив. Живееме во време кога забораваме да ги негуваме духовните вредности губејќи време во потрагата по материјаните добра. Но џудото никогаш не ја заборава својата задача – создавање на подобри личности и подобри општества.
Заради сето ова и многу повеќе UNESCO го препорачува џудото за најпожелен спорт за психичкиот и физичкиот развоја на децата од 4 до 21 година.
Спортувајте, бидете добри личности и сакајте се.
Со почит,
Здравствена комисија на ЏФМ.