На 14 и 15 јануари 2025 година, во посета на нашата земија беа високи претставници на Европската џудо унија (ЕЏУ).
Беше реализиран официјален работен состанок во Министерството за спорт, со министег-дин Борко Ристовски, каде беше разговарано на повеќе теми, со цел продлабочување на соработка помеѓу Министерството за спорт, ЕЏУ и Македонската џудо федерација, како и имплементација на поголем број проекти и активности.
Министерот г-дин Борко Ристовски ја сподели својата визија и како сака да ги развива и да ги подигне спортските резултатите во Македонија, меѓу другото тој нагласи дека џудото за него е еден од петте поединични приоритетни спортови. Исто така тој нагласи дека ја поодржува работата и заложбите на Македонската џудо федерација на чело со претседателот г-дин Владимир Трпаноски и дава безрезервна поддршка.
Потпретседателката на ЕЏУ г-ѓа Катарина Родригес и раководителот на протоколи г-дин Тибор Џенити, беа во инспекција по повод Европското првенство за кадети кое ќе се одржи во Скопје во периодот од 26-29 јуни 2025 година и Европскиот олимписки фестивал за млади, кој ќе се одржи во периодот 19-26 јули 2025 година. По тој повод беше направена инспекција и беа посетени сите сместувачки и натпреварувачки објекти.
Потпретседателката на ЕЏУ г-ѓа Катарина Родригез и раководителот на протоколи г-дин Тибор Џенити, заедно со претставниците на нашата федерација одржаа работен состанок со Македонскиот олимписки комитет со цел дефинирање на деталите и активностите поврзани со Европскиот олимписки фестивал за млади, како и активностите кои претстојат за реализација на овој голем настан. На состанокот беше разговарано и за други теми поврзани со подигнување на нивото на џудо спортот во нашата земја.
По повод Европското првенство за кадети кое ќе се одржи во Скопје во периодот од 26-29 јуни 2025 година, Потпретседателката на ЕЏУ г-ѓа Катарина и г-дин Тибор Џенити одржаа работен состанок со Организациониот одбор на Македонската џудо федерација за детално да бидат запознати со сите активности кои ни претстојат за организација на Европското првенство за кадети.
По завршување на дводневната посета, направената испекција, одржувањето на сите состаноци и средби, сите чинители беа со единстевен заклучок дека Македонската џудо федерација е во одлична кондиција и дека 2025 година Македонија ќе биде центарот на џудото во Европа.🇲🇰🥋#judomacedonia