Согласно усвоениот план и програма за работа на ДАН комисијата, ве известуваме дека полагањето за 1 КЈУ, 1 и 2  ДАН појаси, ќе се одржи на 08.02.2020 година (сабота) во 12.00 часот во спортската сала на ЏК „Пелистер“, улица „Стевче Патако“ бб, Битола.

Пријавите за полагање за 1 КЈУ, 1 и 2 ДАН појаси да се испраќаат во електронска форма (пополнета пријава за полагање за 1 КЈУ или 1 и 2 ДАН појаси) на адресата на ЏФСМ office@judo.org.mk најдоцна до 03.02.2020 година (понеделник).

Уплатата за полагање за овој вид појаси кандидатите треба да ја извршат на жиро сметка на ЏФСМ – најдоцна до 07.02.2020 година (петок).

Напомена: Кандидатите со себе да носат копија од извршената уплата.

Уплата на лице место не е дозволена и нема да бидат примани финансиски средства.

Уплата за полагање за 1 КЈУ е во висина од 1.500 денари

Уплата за полагање за 1 ДАН е во висна од 3.000 денари

Уплата за полагање за 2 ДАН е во висна од 6.000 денари

Секој кандидат уплата може да изврши на:

Назив:  Џудо федерација на Р.С. Македонија  Ж-ска: 300000000567389

Назнака: Дан комисија – за полагање на појаси

 

До клубовите да се препратат и следните документи:

– Програма за полагање на КЈУ појаси (од 5КЈУ до 1КЈУ)

– Програма за полагање на Мајсторски појаси (1 ДАН до 5 ДАН)

– Обрасци за пополнување

-пријави во (word doc.) Верзија за печатење кои согласно член 8 од Правилникот секој кандидат треба да ги пополни и да се пријави.

– Kлубовите се должни пријавите да им ги испечатат и да им ги достават во тврда и електронска верзија.

– Секој кандидат е должен да носи фотокопија од диплома од последниот положен испит за појас.

Во прилог се известувањето и останатите документи за полагањето.

Известување за испит ДАН

Програма за полагање ДАН

Пријава за полагање ДАН

Програма за полагање КЈУ

Пријава за полагање КЈУ