По завршувањето на Европскиот Куп во Џудо за Јуниори-ки Скопје 2024, Активностите продолжуваат со организацијата на 3 дневен џудо камп исто така во спортската сала Јане Сандански во Скопје. Тренинзите на кампот се одвиваат по 2 термини дневно и тоа утрински тренинг 09.00 до 11.00 и попладневен 17.00 до 19.00 часот. На овој камп учество ќе земат околу 80 џудисти од 8 држави и тоа:
Грција, Кипар, Израел, Молдавија Албанија, Босна и Херцеговина, Англија и домаќинот Македонија.
Со тренинзите раководат стручните лица од организаторот Македонија во соработка со колегите од другите држави учеснички. #judomacedonia
🇲🇰🥋