На 25 и 26 јануари во Прилеп се одржа стручен семинар за џудо тренери и џудо судии, за обновување на лиценците за натпреварувачката 2020 година.
Организатор на настанот беше Џудо федерацијата на Македонија.
Семинарот го водеа, Светозар Отиќ, интернационален судија и Владан Гачиќ, тренер и интернационален судија, и двајцата од Србија.
На овој семинар учествуваа околу 50 спортски работници – тренери и судии од сите клубови кои се членки на Федерацијата.