Џудото како спортско-борбена вештина секогаш со себе носи ризик од евентуални повреди, доживување на болка, страв од паѓање, разочарување од поразот или понижување поради личната слабост и немоќ. Појавата на една ваква состојба секогаш предизвикува доза на страв која има различен интензитет и е од индивидуална природа. Особено е изразена кај најмладите категории, кај чувствителните натпреварувачи и кај вулнерабилните групи на џудисти. Состојбата може да проградира до губење на самодовербата и незаинтересираност за победа во борбата. Многу од младите џудисти го сакаат овој спорт, сакаат да тренираат и напредуваат со појаси, но припремата за борба е сосема нешто друго. Тука најмногу влијае психолошкиот фактор. Најчести грешки на спортските учители по џудо се прават во нарушување на балансот на физичката спремност наспроти менталната припрема за борба. Редовно се случува да се форсира физичко-техничката подготовка. Натпреварувачот технички, физички и кондиционо одлично да е подготвен, но, да незнае како да се носи со борбата и да ја извојува победата. Причина за тоа се тремата, стравот, анксиозноста, недоволната когнитивна организација, а не ретко и непознавањето на правилата и тактиката. Оваа состојба е нај изразена најчесто кај најмладите натпреварувачи кои низ тренажниот процес се спремаат за првите турнири во спортско натпреварување.

Терминот иницијација во суштина преставува вовед во борбена зрелост. Во старите архаични, племенски времиња, кога луѓето живееле во заедница со природата, децата се обучувале да се снаоѓаат во суровиот живот низ разни вештини со кој се стимулирала нивната борбена моќ. Тој ритуал на совладување на стравот од опасноста, преку добро поставени егзистенцијални одбрани се вика иницијација. Кој ќе успеел да го положи тестот се стекнувал со достоинството на воин.

Џудото не е спорт со топка или рекет, туку борбена вештина со спортски правила во кој волево-нагонските динамизми треба да ја поминат афективната зона на стравот. Ретко кој тренер работи на стравот кај децата пред да ги бутни во борба, зошто борбата на тренинг и борбата на такмичење не е иста работа. Ако детето ја прифати само како игра, никогаш нема да стане врвен натпреварувач од него, без разлика колку медали ќе собере на локално ниво. Затоа спортската психологија смета дека првата мотивација, првата психолошка обука за борба е најважен процес на вовед во борбеното џудо. Но, секогаш треба да имаме во предвид дека здравјето на детето е најважната работа во спортот.

Во продолжение ќе опишам неколку едноставни психолошки техники кои треба да ги знае секој тренер пред да го стави еден млад џудист во борбена состојба. Овие техники се однесуваат на помладите категории и имаат задача да ја редуцираат тремата, да го победат стравот од повреда и страмот од пораз, но и да го организираат визуелно детето како да ја води борбата. Да напоменам дека тренерот е тој кој ја прави проценката дали некој е спремен да влези во реална спортска борба.

Првата техника се работи 3 тренинга пред натпревар и е наједноставна, се вика брифирање: трае 10 минути на крајот од тренингот. Децата кои се спремаат за натпреварување, седат во круг, во кој седи и водачот на тимот или тренерот. Тој има задача да го распраша секое дете основни детали за борбите што го очекува, да даде совет и да им укаже дека можно е да се појава и трема, која постепено ќе исчезне. Дека треба да бидат смирени и концентрирани. Прашањата се однесуваат окулу гардот, раскинување на гардот, кои техники или комбинации планира да ги употреби и кога. Го советува дека треба да ја промени и страната на борбата и техниката која му е специјалка. Му прави распоред на времето. На крајот дозволува слободно брифирање и сугестија од другите деца.

Втората техника се вика тренинг на слепо, трае 10 минути на крајот од предпоследниот тренинг пред натпреварувањето: на детето му се врзуваат очите со марама или специјален повез. Од него се бара полека да оди по 10 чекори на ивицата од татамите и на секој 10 чекори првин да направи 10 склекови, па да скршне на лево, па повторно 10 чекори, па 10 стомачни, па да сврти пак на лево, пак 10 чекори, па десет брзи чучњеви, и со послединете 10 чекори да дојди на појдовната точка каде треба да изведе 10 учи-коми. Вежбата може да се повтори најмногу три пати со еден натпреварувач. Тренерот цело време му сугерира да остане смирен со дишењето и да диши полека, но најважно е да биде сконцентрирано на секое свое движење.

Третата техника се работи последниот тренинг пред натпреварувањето и се вика вртелешка. Трае 10 минути на крајот од тренингот. Имено се формира круг од 6-8 деца, тренерот стои насреде и го врти окулу себе натпреварувачот 3-4 пати, колку да му ја наруши рамнотежата, а потоа го пушта слободно во насока на некој од џудоките што стојат во кругот. Натпреварувачот треба по инерција и по негов избор да изведе една брза техника, но без да ја промени насоката на силата. Вежбата најмногу се работи 3 пати.

Ова се воглавно асертивни бијхејвиорални психо-физички техники кои ја стабилизираат спацијално-визуелната зона и го подобруваат когнитивното (мисловното) организирање на борбата. Наменета е пред се за почетници, но коирисна е за поискусни натпреварувачи. Секундарната добивка се состои во смалување на анксиозноста(тремата) и желбата да се даде максимум од своето знаење. Но секогаш треба да се има во предвид дека децата се ненасилни суштества и ние возрасните сме должни да ги стимулираме само нивните борбени вештини,но не и неконтролираната агресивност. За справувањето со таков противник во друга прилика.

Авторот Јован Велески е член на Лекарската Комисија на ЏФМ
(овој текст е во рамките на програмата за одбележување на Деновите на психологијата кои годинава ќе се оддржуваат под пораката Еден за сите, сите за еден!)