Во организација на Европската Џудо Федерација и техничка организација Португалската Џудо Федерација, изминатиов викенд, 26 и 27 Март 2022 година во Лисабон, Португалија се одржа Меѓународниот Семинар за Џудо Тренери и Џудо Судии.
На овој сенинар учество зедоа околу 100 стручни лица, џудо тренери и џудо судии од сите европски Држави. Нашата држава преку Џудо Федерацијата на Македонија ја претставуваа Мицкоски Дејан – лиценциран џудо тренер А категорија, член на стручниот совет при Џудо Федерацијата и Дан Комисијата при ЏФСМ, како и Томе Јосифоски – Интернационален Џудо Судија Б категорија и актуелен Претседател на Судиската Комисија при џудо федерацијата на Македонија.
Овој семинар беше предводен од страна на првите луѓе и стручњаци од Европската џудо федерација, натпреварвачка, судиската и комисијата за едкукација.
Истиот беше интерактивен со взаемна комуникација меѓу предавачите и присутните стручни лица со цел имплементацина и детална обработка на изменетите судиски правила кои ќе важат за Олимпискиот циклус 2022-2024.
По завршувањето на Семинарот се одржа и координативен состанок помеѓу челниците на Европската џудо федерација и претставниците на Националните федерации ширум Европа по што истите покрај другото беа овластени да извршат Едукација и обука на стручните лица (судии и тренери) со цел усогласување на целиот европски и интернационален систем на функционирање во џудо спортот.