Претседателот на џудо федерацијата на Македонија, Владимир Трпаноски во следните пет години ќе ја извршува функцијата потпретседател на балканската џудо асоцијација. Трпаноски ја доби поддршката од најголемиот број од делегатите кои учествуваа на денешниот состанок во Кожани, Република Грција. Покрај Трпаноски, на состанокот присуствуваше и потпретседателот на џудо федерацијата, Благоја Гешоски.
Највисоките претставници на македонската џудо федерација присуството во Кожани го искористија за да го проследат отворањето на Балканското првенство за пионери како и дел од натпреварите на македонските џудисти.