ИНКЛУЗИЈА е темата под која годинава целата светска џудо заедница ќе го одбележи Светскиот ден на џудото. Изборот на овогодинашната тема која ја потенцира важноста на уште една од вредностите на кои се темели џудото е неслучаен, особено по глобалните случувања во 2022 година.

„Џудото е спорт кој повикува на инклузија на жените во сите нивоа на џудото, почнувајќи од најмлада до најголема возраст. Џудото е базиран на концептот на недискриминација, и токму поради тоа како светската џудо асоцијација ги повикуваме сите џудисти, џудо клубови, асоцијациии и федерации да покажат дека жените имаат свое место во џудото, а нивните права се вклучени во сите правни акти, не зависно дали се работи за жени кои тренираат, или се предводници, тренери, судии во џудото. Ставањето на фокусот на инклузијата и обединување на нашето спортско семејство, уште еднаш сакаме да покажаме дека постои пат за фер општество каде разликите се јаки, а не слаби страни“ – се вели меѓу другото во официјалното соопштение на интернационалната џудо федерација.

Годинава Светскиот ден на џудото кој се слави на 28ми октомври по повод роденденот на основачот на џудото, Џигоро Кано џудо федерацијата на Македонија ќе го одбележи на неколку начини. Претседателот на федерацијата, господинот Владимир Трпаноски заедно со своите колеги од повеќе џудо федерации од Европа ќе присуствува на свечената прослава по повод 70 години од основањето на џудо федерацијата на Словенија, додека македонските клубови членки на федерацијата со бројни настани на темата Инклузија.