Бронзениот медал на Теа Настоска го одбележа првиот ден на Балканското првенство за кадети кое викендов се одржува во Кочели, Турција.
Настоска покажа одлични борби во својата категорија до 40 килограми кои ги заокружи со победата во натпреварот за третото место против романската репрезентативка.
Покрај Настоска, на татамите денес излегоа и Игнат Петров, Никола Магдески, Теона Настоска и Ива Богдановска, но и покрај добрите борби, не успеаа да стигнат до медалите.
Настапите на македонските репрезентативци завршуваат утре со борбите на Лилјана Недановска во категоријата до 63 килограми.