Судијата Томе Јосифовски и тренерот Дејан Мицкоски ќе земат активно учество на семинарот на Европската џудо унија за судии и тренери кој овој викенд, 26ти и 27ми март ќе се оддржи во Лисабон, Португалија.
Учеството на двајцата наши претставници доаѓа по бројните средби и состаноци остварени помеѓу највисоките челници на џудо федерацијата и на Европската џудо унија. Во кратката изјава за медиумите, и претседателот Владимир Трпаноски и генералениот секретар, м-р Миодраг Стојановиќ од името на целата џудо федерација ја искажаа својата благодарност за несебичната поддршка која Европската џудо унија ја дава за развој на македонското џудо.