Врз основа на објавениот конкурс за избор на спортски директор на Џудо федерацијата на Македонија, а по разгледувањето на пристигнатите апликации, Извршниот одбор на ЏФМ согласно член 40 од Статутот за работа донесе едногласна одлука за назначување на Ѓорѓија Стојанов за нов спортски директор на федерацијата.
Генералениот секретар на ЏФМ, м-р Миодраг Стојановиќ од свое лично име и од име на раководството на ЏФМ му го честита изборот и му посакува успех во работата на Ѓорѓија Стојанов.