На 76 конгрес на Европската Џудо Унија одржан во Будимпешта на 23.11.2024 год., Македонија покрај веќе трите големи настани за календарската 2025 год.(Европско Првенство за Кадети, ЕYOF и Европскиот Куп за Јуниори), за организација доби уште еден елитен настан од највисок ранг.
Овој пат станува збор за Европски Куп за Сениори! Одсега Македонија ќе биде впишана и на сениорската џудо карта а сите ние ќе можеме да уживаме во борбите на најистакнатите и најуспешни борци од Европа и светот.

Со ова се потврдува макотрпната и посветена работа на ЏФМ и нејзиното раководство.

Претседателот на ЏФМ г-дин Владимир Трпаноски кој ја предводеше македонската делегација во Будимпешта во која членови беа и високи претставници од Министерството за Спорт не го криеше задоволството од овој за нас значаен ден и истиот во својата изјава изрази голема благодарност до ЕЏУ, претседателот Ласло Тот Министерството за Спорт и Министерот Борко Ристовски и секако до сите чинители во ЏФМ со кој заедно како тим се постигна овој голем успех за нас.