ДАН комисијата на Џудо федерацијата на Македонија во четвртокот, на 2 април, одржа состанок со видео конференциска врска .
Присутни на состанокот беа претседателот на Комисијата, Ѓуро Илиќ и членовите Драган Шеќероски, Деан Мицкоски и Нада Ристов. Согласно правилникот за работа имаше кворум и се разгледуваа точки од ДАН комисијата и Тренерската комисија при ЏФРСМ.
Состанокот го водеше претседателот на комисијата, а сите останати членови присутни на видео конференциската врска зедоа активно учество. Со ова докажавме дека ниедна пандемија не би не спречила да работиме и да донесуваме одлуки и за време на прогласена вонредна состојба и воведен полициски час на територијата на цела држава .